Меморијал во Лешани: Сатеска – Злести во финале

June 7, 2012
Меморијал во Лешани: Сатеска – Злести во финале

Екипите на Сатеска и Злести ќе играат во финалето на 10-то издание на Меморијалниот турнир “Кире Николоски-Камачо” , во село Лешани. Натпреварот ќе се игра во недела, 10.07.2012 година, на празникот “ Си Свети”, со почеток во 17,00 часот.

Сатеска во полуфиналето ја совлада екипата на Илинден со 4-2, а во вториот полуфинален натпревар вчера Злести беше подобар од Дебрца/Белчишта, по подоброто изведување на пенали, откако во регуларните девеесет минути натпреварот заврши  1-1.

Поврзани написи