Најава за традиционалното Велигденско Супер Ел Класико 2018

April 3, 2018
Најава за традиционалното Велигденско Супер Ел Класико 2018

Традицијата продолжува!

Во недела, на Велигден, на Гоце Делчев Арената  најавуваме уште едно издание на Волинското Ел Класико, Горна Маала- Долна Маала. По седум години силно изразита доминацијата на Долномаaлци, минатата година беше прекината серијата со убедлива победа на  подмладениот Горномалски тим, кој ја врати честа на Горна Маaла.

Горномалци по победата 2018

                                  Горномалци по победата 2018

Низ историјата, фудбалското ривалство меѓу Горномаалците и Долномаалците во Волино отсекогаш постоело. Впрочем, од почетокот редовно се играле овие натпревари. Гоорномаалци својот терен го имаа во Паунчева ограда-Паунчица, а Долномаалците во некое стрниште или покосена ливада во долниот дел на селото. Се ставаа стативи  од по две прачки и дербито почнуваше. Некогаш победуваа едните, некогаш другите. Голема беше радоста по секоја победа. Со денови се зборуваше за тоа и се зафркаваа поразените.

Натпреварот е закажан за во 16,00 часот. Поразените како што налага традицијата треба да обезбедат 4 гајби пиво за победниците.

Составите на тимовите како и судиската двојка, дополнително ќе бидат објавени на ден пред натреварот. Неофицијално коефициентите за опклада:

Горна Маaла- Долна Маaла

1 – 2,10

х – 5,60

2 – 2,30

Медиумски настанот го покрива volino.mk.

Ве очекуваме!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.