ОФИЦИЈАЛНО: 9-та “Волинска Регата 2018”- традицијата продолжува

July 1, 2018
ОФИЦИЈАЛНО: 9-та “Волинска Регата 2018”- традицијата продолжува

Во недела 08.07.2018  година со почеток во 12:00 ч.  по девети пат ќе се одржи традиционалната “Волинска регата 2018″. Имено манифестацијата започна да се организира во 2010 година  по иницијатива на волинецот Саре Мочароски и истата нема натпреварувачки карактер, туку забавно – рекреативен и претставува своевидна носталгија и потсетување на времето – дамнешно кога сите волинци се капеа по витлите на Сатеска и пловеа по неа.

Поради водостојот на реката Сатеска регатата последните три години се одржува во првата недела во месец јули. 

Ги поканиме сите оние кои се со авантуристички дух, желни за рекреација, а богами и за ладно пивце, да ни се придружат на едно заедничко дружење по водите на реката Сатеска.

Потребно е сосебе да  понесете авантуристички дух, желба за забава и релаксација како и  и  добро пловило (гума, душек, кајче, кајак…).

 

Маршутата е следна:

Збирно место – Срецело 11:00 ч.

Поаѓање со организиран превоз до “Кај Перовчета” 11:45 ч.

Старт на регатата 12:00 ч.

Попатни застанувања за освежување 

Финиш 

Закуска со Посебна салама, Вегета и Леб

DSCN1651

naslovna

 

DSCN0352-copy

 

Фотографии од минатите години

Поврзани написи

Коментарите се затворени.