Пирова победа за Сатеска

May 10, 2017
Пирова победа за Сатеска

Денес во квалификацискиот  полуфинален натпревар во рамките од Купот на Македонија, на теренот во Белчишта, силите ги одмерија екипите на ФК Дебрца и ФК Сатеска. Под прекрасни услови за игра, ФК Сатеска како фаворит на натпреварот со голот на најдобриот стрелец во 3-та МФЛ Секулоски, поведе со 1:0. До крајот на првото полувреме по неколку шанси не успаа да искоритат и двете екипи. Во почетокот на второто полувреме, кога се очекуваше Сатеска да ја оправда фаворитската улога на овој натпревар, екипата на ФК Дебрца со голот на нивниот денес најдобар играч Љубе Суклоски успеа да го изедначи резултат на 1:1.

Во средината на второто полувреме, Сатеска со голот на Игор Терзиоски повтороно поведе со 2.1, по што следуваше уште една стопостотна шанса, но сепак играчот на ФК Сатеска Оливер Стоески не успеа да стрела прецизно пред самата гол линија од каде што потешко беше да се промарши одошто да се погоди.По ваквите пропуштени шанси за гол, казната стигна на четири минути до крајот од натпреварот. кога од прекин, по катастрофалната грешка на одбраната со вториот гол на Суклоски, Дебрца го издначи резултатот.

По регуларните 2:2 следуваа пенали. Во пенал рулетот, Сатека ја послужи среќата, за да по одбранетиот пенал на Силјаноски успеа трета година по ред да обезбеди пласман во финалето од општинскиот квалификационен натревар за Купот на Македонија.

Се на се, Сатеска денес не ја успеа да ја оправда фаворитската улога против екипата на ФК Дебрца, кој се натпреварува во најнизок ранг.

Единствената светла точка на натпреварот беше најмладиот играч на ФК Сатеска, Даниел Короскоски кој денес прикажа одлична игра и даде до знање дека ФК Сатеска не треба да се грижи за својата иднина.

Денешниот натпревар нека биде една добра поука за преостанатите натпревари кои престојат до крајот на оваа сезона.

Првата поправна, ФК Сатека ќе ја има за брзо во недела, кога на Ѓоргов Мост во рамките од последното коло до 3-та МФЛ, ја дочекува струшката екипа Влазними.

Се гледаме!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.