Од минатиот викенд и официјално започна Волинскиот јаболкобер. Нова реколта, стари проблеми. Иако во споредба со минатогодишната реколта оваа година приносите се значително помали, сепак квалитетот не отстапува. Моменталната откупна цена која ја нудат малиот број на локални прекупци се движи до 15-10 денари зависност од сортиментот и класата на јаболкотo.

Оваа цена не е доволна за да бидат задоволни овоштарите затоа што производните трошоците се големи, според производствените пресметки прагот на рентабилност изнесува околу 12 денари за производството, гориво,заштитни препарати, ѓубриво, работна рака. На долг рок овоштарите не би можеле да издржат да произведуваат прва класа јаболка под таа цена.

Најавите за откупот на индустриско јаболко оваа година укажуваат на почетни 3 денари по килограм, со дополнителни 2 денари субвенција од страна на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство  за предадено јаболко во домашни преработувачки капацитети.