Утре во рамките на 8-то коло од 3-та МФЛ Југозапад, екипата на ФК Сатеска гостува на градскиот стадион во Струга, каде домаќин е екипата на ФК Караорман. Сатеска во последните три кола е без пораз со скор од две победи и еден нерешен наптревар и со мотивација за продолжување на победничката серија. Екипата на ФК Караорман коа низ годините важеше за национален бренд во Македонскиот фудбал, ќе се обиде да се врати на победничките патеки особено по минатонеделниот изборот на ново раководство, кое си зададе цел да го врати клубот во македонската фудбласка елита.  Се насе овој натпревар ќе биде важен за двете екипи, особено интересен за љубителите на фудбласката игра.

Натпреварот е закажан со почеток во 15:00 часот, а ќе го суди битолска фудбласка тројка предводена од Дени Лековски.