Победничката серија на Сатеска продолжува. На денешното гостување во Враништа, во рамките на 7-то коло на Третата лига Југозапад, екипата на Сатеска не само што остана непоразена, туку забележа победа и нови три бода против домаќинот , екипата на ФК Македонија, со резултат 2-1 ( 0-0 ).
Победата на Сатеска е сосема заслужена, особено со одличната игра во второто полувреме и доколку гостинските играчи буквално не се испромашуваа, неискористувајќи 4-5 зицери победата ќе беше поубедлива.
Головите за Сатеска ги постигнаа Бочески Дарко во 67 минута ( 0-1 ), и Шекуткоски Никола во 90 минута ( 1-2 ), а за домаќините Делиоски Благоја во 83 минута ( 1-1 ).
Победата е уште повредна ако се има во предвид дека од 76 минута Сатеска играше со 10 играчи.
Во наредното осмо коло Сатеска гостува во Струга, против ФК Караорман.