Прекината е мини серијата победи на ФК Сатеска. Денес на градскиот стадион во Струга, во рамките на 8-то коло екипата на ФК Сатеска претрпе пораз од ФК Караорман со резултат 2.0 (1:0).

Домаќините рано, уште во 5 -та минута го отворија резултатот по една катастрофална грешка на гостинскиот голман. По обидот на Мартин Нически да испрата центар шут во противничкиот шестнаесетик, и по лошата голманска проценка зтопката аврши во гостинската мрежа за 1:0. Во продолжение на натпреварот Сатеска ја превзеде контролата врз играта, меѓутоа не успа да искористи ниту една од укажаните шанси за гол. Денес свој ден немаше ни најдобриот стрелец на ФК Сатеска Никола Шекуткоски, кој на два пати не успа да ги искористи зицер позиции за постигнување гол.

Во второто полувреме воглавно играта се одвиваше на средината од теренот. Сатеска како да немаше идеа како да стигне до противничкиот шестнаесетик, по што  следуваше и безпотребниот втор жолт односно црвен картон за нездрелиот потег играчот од ФК Сатеска, Димитар Скепароски. Во продолжение на натпреварот Сатеска со десет играчи успеа некако да ги консолидира свите редови, што резултираше со две здрели шански за гол, меѓутоа најпрво Бочески биеше во домашниот голман Карамачоски, па потоа Стоески не упати доволно силен удар кон голот откако го издрибла домашниот голман. Казната за неискористените шанси стигна во 89 минута кога Милески со гол од слободен удар ги постави конечните 2:0.

Натпреварот се одигра под одлични услови за игра, а добро го судеше битолската судиска тројка предводена од Дени Лековски.

Во наредното коло ФК Сатеска на домашен терен ја дочекува екипата на ФК Кравари.