Вчера во рамките на 6-то коло од 3-та МФЛ Југозапад, ФК Сатеска на домашен терен ја совлада екипата на ФК Стрела Спорт од Могила со конечен резултат 3:0 , (1:0)

Во првото полувреме кое не даде некоја по атрктивна игра, домаќините со голот на Илче Попоски успеаа да поведат со 1:0.

Гостите имаа три стопостотни шанси за гол кои не успеаа да ги искористат. Казната стигна по влегувањето на Никола Шекуткоски од клупата, најпрво во 62 минута за 2:0 и во 75 минута за конечни 3:0. Натпреварот го проследија 50 тина јубители на фудбалот, каде добро го судеше струшката тројка предводена од главниот судија Анѓеле Спироски.

Табела по одиграно 6 коло: