11-ти Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори

October 11, 2013
11-ти Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори

Македонија денеска со гордост и длабока почит го одбележува 11-ти Октомври, денот на македонското народно востание против фашистичките окупатори. Македонскиот народ пред точно 72 години на денешен ден, се запиша во светлата книга на народите на светот кои што го отфрлија фашизмот, нацизмот и тоталитаризмот како форми на владеење.

Оруженото востание, започнато на 11 октомври 1941 година, претставува значаен историски настан во долготрајната борба за слобода и сопствена држава на македонскиот народ. Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев” ( формиран во месноста Црвени Стени, близу Прилеп) извршил напад на бугарската полициска станица во Прилеп, на прилепскиот затвор и на телефонско – телеграфската мрежа. Со овој чин бил означен почетокот на востанието на македонскиот народ против бугарскиот окупатор. Следниот ден се огласија Кумановскиот  партизански одред ( формиран на 12 октомври 1941 во областа Студена Вода) и Карадачкиот партизански одред ( формиран во областа Менкова Колиба).

11 Октомври е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и Илинденското востание и во напорите за национално ослободување вложени во Балканските и Првата светска војна.

Поврзани написи