14 Февруари – Ден на виното и љубовта

February 14, 2013
14 Февруари – Ден на виното и љубовта

Западната и источната христијанска црква денеска ги слават своите светци. Православните – Свети Трифун, католиците Св.Валентин.

Лозарите традиционално го одбележуваат Свети Трифун, надевајќи се дека светецот ќе им помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Заштитникот на лозјата на различен начин се слави на повеќе места во Македонија.

Во Охридско-Струшкиот крај празникот е познат под името „Триун пијаница“.На овој ден  лозарите одат во лозјата и искаструваат по неколку пенушки. Тоа се вика„зарежвење“. На иконата св. Трифун е претставен или со сорче за режење на лози или со наметка како чувар на гуски.

Свети Валентин бил свештеник, кој  во  време на императорот Клаудиј Втори и покрај забраната на бракот за мажите кои биле потенцијални војници, продолжил да склучува тајни бракови на вљубените. Поради тоа бил затворен и убиен. Од затворот на своите пријатели им испраќал пораки „Ве сакам„ и „Сетете се на вашиот Валентин“. Свети Валентин од пред неколку години како празник го прифатија и младите од Македонија.
И на крај, наместо непотребно наметната дилема дали да се празнува Св.Трифун или Св.Валентин оставаме денешниот ден секој да го прослави според свите убедувања и чувства. Некои на лозјата и со чашка вино, некои изговарајќи ги Валентиновите пораки. Може да се одлучите за убава чашка вино или за романтична вечер со саканите – но, најважно е на овој ден да се искажат чувствата , опиени од љубов или пак од вино.

Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајко, Валентин, Валентина…

Поврзани написи