Утре во рамките на 7 -то коло од 3-та МФЛ Југозапад, Сатеска гостува во Враништа, каде домаќин е ФК Македонија. Екипата на ФК Сатеска во изминатите две кола е без пораз и сериозно ќе атакува кон нови три бода кој ќе значат избегнување на опасната зона, додека домаќинте кои се во лоша серија ќе се борат за нови бодови кој би ги вратиле во борбата за опстанок во дебитанската сезона. Се на се, во Недела со почеток во 15.30 часот, љубителите на фудбалот очекуваат одличен фудбалски натпревар.

Натпреварот ќе го суди битолската судиска тројка, предводена од главниот судија Дарко Котевски.