31 Мај, краен рок за поднесување барања за субвенции

May 19, 2014
31 Мај, краен рок за поднесување барања за субвенции

Во сабота, 31 мај истекува рокот за поднесување на барања за субвенции во земјоделството ,согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2011 година

Ги потсетуваме земјоделците дека заклучно со 31 мај  ќе можат да поднесат барања за финансиска поддршка за обработливи земјоделски површини со поледелски култури,градинарско производство, одржување постоечки лозови и овошни насади, како и подигнување на нови лозови и овошни насади, за директни плаќања за грла маторици и регистрирано презимено пчелно семејство.

Барањата по овие мерки се поднесуваат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.