8 МАРТ – Ден на жената

March 8, 2011

Меѓународниот ден на жените 8 Март се одбележува како празник на економската, политичката и социјалната рамноправност на жените

Обединетите нации го прогласија осми март за меѓународен ден на жените во 1975 година со цел да се одбележи улогата на обичната жена во историјата, како и нејзината борба за еднаквост, правда, мир и развој.

Традиционално кај нас по повод празникот се купува подарок за секоја жена. А најголемиот дел од оние кои подаруваат, се одлучуваат за најскромниот и најубавиот подарок – цвеќето, освен подарокот секако дека не изостанува и вечерата во некој убав ресторан.


Некои го критикуваат, други го посакуваат, трети го игнорираат, но се уште 8 ми март е празник на кој му се посветува внимание.

Еве неколку афоризми за жените :

  • Тешко е со жените. Тешко е без жените.
  • Зад секој успешен маж стои успешна жена.
  • Зад секоја успешна жена стои развод.
  • Не е лесно да си жена.
  • Уште потешко е да разбереш жена.
  • Ама нема ништо поубаво од тоа да си жена.

Еве што рекле за жените мудрите и искусните:

  • Жената е рај за очите , пекол за душата , чистилиште за џебот ( Данте Алигиери).
  • Жената ти вели: ‘Оди по ѓаволите’. Ти одиш, а таа и таму ќе те дочека (Данте Алигери).
  • Убавите жени се создадени за мажите што немаат фантазија, а паметните за оние што немаат среќа (Казанова).
  • Добро отвори ги очите кога се жениш, а потоа затвори ги (Шекспир).
  • Мажот е среќен со која било жена, сè додека не ја засака (Петрарка).
  • Како да го разберам ова: “Да се убиеш поради една жена?”. А каде се сите останати? (Тин Ујевиќ).

И покрај се, без иронија мудроста вели дека жената е најубавото, најнежното, најскапоценото нешто што му се случило на човештвото.

Нека ви е честит 8 Март ,Ви посакуваме многу внимание и љубов и во останатите 364 дена во годината!

Со специјалниот поздрав за сите жени од Volino. org

Поврзани написи