Ах, таа завист и лицемерие

March 5, 2013
Ах, таа завист и лицемерие

310409_102535999852187_5101129_nОвој текст е мое отворено писмо до моите искрени пријатели, а уште повеќе до моите лажни пријатели. Кои се  и едните, а кои другите нема да ги споменам во текстот, самите ќе се препознаат.

Пред да почнам, накратко да го објаснам значењето на зборовите и сликата од насловот на текстот.

Зависта е непријатна емоција ,  ситуација да посакуваме  нешто што му припаѓа на друг, било да се работи за материјални постигнувања, висок статус, привлечен изглед или духовна хармонија и среќа. Таа вклучува чувство дека сме неправедно оштетени и дека би било праведно да го поседуваме она што го поседува личноста на која и завидуваме.

Лицемер е лице што ја прикрива својата вистинска личност претставувајќи се како добар и добронамерен човек, лице кое создава лажна слика за себе и тоа по правилно попозитивна и подобра од онаа што тој во стварност е.

На насовната слика е Диоген од Синопа, познат грчки филозоф кој ги мразел корупцијата и заговорите во своето општество, па така еднаш среде бел ден излегол на главниот плоштад во Атина со фенер. Кога го запрашале што бара среде бел ден со фенер кратко им одговорил:  “Барам човек“, сметајќи дека во состојбата во која се наоѓа тогашното општество, го немало вистинскиот човек, туку сите биле подредени на моментната ситуација.

Е, сега да се вратам на моите искрени и лажни пријатели. Мислев дека завидливите и лицемерите се далеку од мене, бидејќи со моето однесување кон другите ценев дека со ништо не сум заслужил да има такви околу мене. За жал, не било така. Сум ти бил опкружен со многу такви. Искрено да признаам  бев фрапиран колку многу ги имало околу мене, дури и такви кои сум ги сметал за блиски. Со поднесувањето на независната кандидатура за градоначалник на општина Дебарца излегоја на виделина. Си ги покажаа рокчињата како полжави по дожд. Едни од нив почнаа да ме избегнуваат, други ми го вртеа грбот и лицето кога ќе се сретневме, трети беа “храбри” и ме оговараа кога не ќе бев во нивна близина, при што некои од нив имаа дури и “испади на лудило”, а четврти велеа дека не гласале за личност, туку за партијата ( демек биле лојални на партијата и  ако партијата кандидира вол и за волот ќе гласале ), а петти глумеа незаинтересираност  за изборите, а всушност работеа спротивно. Она, што ме изненади, што сите тие тргнаа против мене со голема злоба и омраза. Чуму така? Не ми е јасно, што лошо сум им сторил? На секого кога сум можел сум помагал. За мојот влог за Волино нема да зборувам, Господ нека биде сведок. А, на оние кои глумат големи патриоти, вмровци  ми ти биле, им порачувам да застанат малку. Дали знаете кој го основа Вмро Дпмне во Волино? Кај кого 1990 година покојниот Спаско Трпоски ги донесе првите пристапници за Вмро Дпмне во Волино? Кој прв го крена вмровскиот бајрак на првите слободни парламентарни избори 1990 година во Волино? Сигурно не бевте Вие ! Дури во Вмровските редови денес гледам многумина кој во тие времиња кога не беше сеедно да се декларираш за Вмро беа на спротивната страна. А, знаете кој денес  ја води партијата во Волино? Неписмени и полуписмени типчиња, кои глумат патриоти. Зошто ги потиснувате младите и образованите? Во Волино во последно време гледам и такви дечки. Дајте им шанса ! Па, нели главната девиза на Вмро Дпмне денес е знаењето е сила, знаењето е моќ ! Патриотизмот се цени според направените дела, луѓето меѓу себе се разликуваат по тоа дали се луѓе/човек или не, а не по припадноста кон оваа или онаа партија.

Дека се не е така темно и дека има зрак на крајот од тунелот е тоа што сепак на виделина излезе и дека сум имал и искрени пријатели. Пријатели, кои го ценеле мојот влог за Волино и пошироко и кои секогаш ќе ја имаат мојата помош, се разбира кога ќе можам да им помогнам, пријатели со кои ќе останам засекогаш и во добро и во зло што би рекол народецот наш. Ова посебно се однесува на група млади дечки во кои е иднината на Волино и кои  и покрај притисоците ја поддржаа мојата кандидатура. Тие секогаш ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка.

На денот кога почнува изборната кампања ја повлекувам мојата независна кандидатура за градоначалник на општина Дебарца, иако формално моето име ќе биде на гласачкото ливче. Да бидам искрен мојата шанса ја гледав во најавениот бојкот на изборите од страна на опозицијата. Сметав дека на тој начин ќе се отапи партиската острица и ќе може да дојде до израз изворната граѓанска опција која ја застапував. Сега, кога се активираат партиските машинерии кои ги мелат граѓаните, нема шанса за таква опција. За жал, македонскиот изборен простор сеуште е арена на партиски послушници, каде не може да дојде до израз индивидуата и нејзината способност. Граѓаните се претвораат во зомби со партиско бројче.

Искрено им благодарам на сите оние кои ја поддржаа мојата кандидатура и ги повикувам да гласаат според своето убедување. Да гласаат според она што го сметаат најдобро за Волино и за нив самите.

А, лицемерите од текстот можат слободно да дишат. Веќе почнаа да ме тапкаат по грбот и да ме прашуваат како сум бил. Благодарам на прашањето, добро сум, не грижете се! Тоа што ти е пишано тоа и ќе ти врви, вели народот. Јас продолжувам да одам по патот што ми го трасирал Господ. Продолжувам со крстот на чело и со фенерот на Диоген да барам човек/луѓе и со нив да се дружам.

 А, Вие мои лицемери запаметете едно-кога ја ковате Вашата среќа не удирајте по прстите на другите !

Затоа,  Ве оставам да потонете со Вашето лицемерство, злоба и завист!

 

Зоран Ногачески

 

Поврзани написи

  • Tanespiroski

    Go citam ovoj text I ne mozam da se vozdrzam od comentarot deka mnogu  mi e milo sto konecno vie gospodine Nogaceski svativte deka ste opkruzen od licemeri I bezrbetnici.

    Ama isto bi sakal da ve potsetam deka istite tie nekako, I pokraj ogromnata intelegencija I talent koj gi poseduvate  a jas odsekogas vi se voshituvav I cenev, ve nagovorija da se odkazete od vasite ideali I pokraj ogromnata rabota I zrtva pridadena kon BMRO  vie I go svrtivte grbot na najgolemata sila vo makedonija.

    Kolku sto jas se sekavam vie bevte prv od redovite na BMRO koj vo sustina dobi nesto a nie obicnite smrtnici bevme gordi da imame covek kako vas vo nasite redovi, I jas kako mlad clen vo toa vreme ne mozev da docekam vie da me naucite kako e da se bide del od najgolemata sila vo makedonija zatoa sto veruvav toa e vistinskiot pat kon uspexot.

    Arno ama vie ne mozevte da vidite deka vie zasluzuvate da bidete vo elitata na BMRO I denes da bidete na kandidatskata lista za PRATENICI a ne samostoen candidat. Pa prodolzivte da im pomagate I da se druzite so licemerite I bezrbetnicite koi odkako go dobija sto bara, blagodarenie na vas,na ovoj ili onoj nacin duri I se osmelija fizicki da ve napagaat vo centarot na volino kade jas bev svedok na eden takov ispad od vasata ”desna raka” koj se obide fizicki da ve napadne i ako vie ste del od nivnata familija a bi sakal da istaknam I mojata. I togas ne vi stana jasno sto se slucuva pa trebase da pominat skoro deset godini za da svatite deka ste opkruzen so licemeri.

    A koga zboruvame za licemerie, ako vie bevte del od BMRO vo vremeto na Goce,i ja predadevte partijata kako denes mnogu dobro znaete sto ke vi se slucese.

    Od druga strana bi sakal da istaknam deka vie  sekogas ke ja imate poddrskata od nas za sto I da bilo. I pokraj sto pricinata za vasite pogresni cekori ja barate vo lugeto koi ve sledea so seto srce.

    Ama denes vie treba da im odstapite mesto na mladite I da se vratite na vasiot pat kon uspexot. Pat koj vie nemavte trpenie da go izodite a definitivno go zasluzuvate, pa se odlucivte da se obidete so lugeto koi go sledat Kiro Gligorov I negovite idei kako da se unisti makedonija(150000 drzavjanstva na albanci vo makedonija -Totalno ludilo) itn.

    Jas ne mozam da svatam so koja misla vie mislevte da se sprotistavite na najgolemata sila vo makedonija od koja I vie bevte del vo najteskite denovi a sega trebase samo da gi delite plodovite od uspexot, I da izlezete kako samostoen kandidat. Pretpostavuvam I za toa ve nagovorija nekolkute licemeri koi se seuste okolu vas I smetaat na vasata sila I integritet za da dobijat nesto vo idnina ako po nekoe cudo pobedite na izbori.

    Spomenuvajki go gospod, gospod bog  veli ne baraj ja pricinata za toa sto ti se slucuva vo drugite tuku vo samite sebesi, I samo taka ke postignete vecen mir.

    I  povtorno gresite na isti nacin so pisuvaneto na ova Pismo davajki im na protivnicite pricina da se sitat I podsmevaat sega koga ve smetaat za gubitnik.

    Ama vie ne ste gubitnik ova e samo lekcija koja vie trebase da ja naucite.

    Mozebi I jas gresam vo obidot da vi potenciram nesto sto mu bese ocigledno na aden tinejger vo toa vreme ama na zalost ne na najpametniot covek vo nasata opstina a mozebi I posiroko.

    Se nadevam deka ne sum svaten pogresno zatoa sto vistinskite prijateli ja zboruvaat vistinata iako nekogas boli.

    Iskreno Tane Spiroski

  • Kire Trajceski

    Zoran pozdrav od Kire Trajceski zad uspesni luge se krevat golema prasina. Samo napred so glavata gore.