Екипата на Асп Пак од Охрид е победник на 18 то издание на Богородица Куп Волино. Синоќа, на големиот христијански празник Голема Богородица, на преполнетиот спортски полигон во Волино, во прекрасна фудбалска атмосфера,  во големото финале екипата на АСП Пак ја совлада екипата на Кадмо Бар, со резултат 4-2 ( 1-0 ). Победата на Асп ја најави Ѓорѓиески со голот во првото полувреме. На средината на второто полувреме “виолетовите” имаа убедливо водство од 3-0, со уште два гола на Ѓорѓиески. И кога се чинеше дека се е завршено екипата на Кадмо Бар со головите на Јакимоски и Чашитоски, на 6 минути пред крајот стигна до 2-3, со што финишот на финалето го направи уште поинтересен. Сепак, на три минути пред крајот Јосифоски постигна гол со глава и ја завери победата од 4-2 и шампионсњката титула за екипата на Асп Пак.

11138637_877745912274278_3833124523463793056_n

Претходно, во натпреварот за третото место екипата на Сите Светии со пресвртот во второто полувреме, со головите на Бимбилоски и Маркоски, со 2-1 ја совлада домашната екипа на Сатеска. За домаќините голот го постигна нивниот најефикасен стрелец, Секулоски.

Екипата на Асп Пак  го освои шампионскиот пехар и  главната парична награда од 62.000 денари и ваучер од 3.000 денари за платено учество за Богородица Куп 2016. Пехари и парични награди добија и преостанатите три екипи кои играа во завршницата на турнирот.

За најдобар млад играч е прогласен Бојан Каланоски од екипата на Др.Баткоски Вевчани, а за најдобар голман Чипаноски од Асп Пак. Никола Скепароски од Сатеска ја доби специјалната награда за најубав постигнат гол, а Мише Ѓорѓиески од Асп Пак беше најефикасен стрелец со 15 постигнати голови, од кои седум во полуфиналниот и финалниот натпревар, а воедно ја освои и наградата  “Зоран Митрески –Бутрагењо”  за најкорисен играч на Богородица Куп 2015.

Свеченото затворање на Турнирот беше со голем огномет.

Резултати :

За трето место

Сите Светии – ФК Сатеска  2-1 ( 0-1 )

За прво место

Асп Пак – Кадмо Бар Вила Хармони  4-2  ( 1-0 )