АСП ПАК И КАДМО БАР ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА БОГОРОДИЦА КУП 2015

August 28, 2015
АСП ПАК И КАДМО БАР ВО ГОЛЕМОТО ФИНАЛЕ НА БОГОРОДИЦА КУП 2015

Екипите на Асп Пак и Кадмо Бар & Вила Хармони ќе играат во големото финале на 18-то издание на Богородица Куп.

Во синоќешните полуфинални натпревари финалистите остварија сигурни и убедливи победи над екипите на Сите Светии и ФК Сатеска, кои за утеха ќе играат во малото финале, односно за третото место.

Екипата на АСП уште во првото полувреме со трите гола на Ѓорѓиески и еден на Јосифоски стигна до високи и недостижни 4-0. Во второто полувреме лешанци тргнаа на се или ништо, но само успеаа да постигнат почесен гол. Точка на натпреварот, за победа од 5-1 стави Ѓорѓиески, со својот четврти гол.

Во вториот полуфинален натпревар проследивме идентично прво полувреме. По двете колосални шанси за домаќините да го отворат резултат следуваше шок, бидејќи екипата на Кадмо од буквално четири удари на голот на Сатеска попстигна четири гола и дојде до недостижни 4-0. По ова следуваше тотална дезориентација кај домаќините, така да второто полувреме беше само формалност.Четири гола за Кадмо постигна Тодороски, два Чашиткоски и еден Речкоски, а за Сатеска стрелаа Силјаноски, Секулоски и Трпкоски.

Резултати-полуфинале :
АСП Пак – Сите Светии 5-1 ( 4-0 )
ФК Сатеска – Кадмо Бар 3-7 ( 0-4 )

Денес, 28.08. на програмата се :
21.00 ФК Сатеска – Сите Светии -натпревар за трето место

22.00 ФИНАЛЕ:   АСП ПАК – КАДМО БАР & ВИЛА ХАРМОНИ

АСП ПАК: Никола Чипаноски, Гоце Маркоски, Александар Колоски, Нико Пластиноски, Игор Аполески, Ристе Јосифоски, Дејан Милошески, Исмаил Џихан, Мише Ѓорѓиески, Ромео Кочоски.

водич/тренер:  Јован Блажески, спонзор:  АСП ПАК Охрид

11895986_876863865695816_7347508066954754322_n

КАДМО БАР ВИЛА ХАРМОНИ: Златко Чашиткоски, Горан Тодороски, Златко Ецкоски, Александар Јакимоски, Томче Речкоски, Бојан Бочески, Ѓоко Малески, Гоце Толески, Роберт Билбилоски, Антонио Нически.

водич / тренер : Роберт Билбилоски, спонзор : Кадмо Бар Вила Хармони.

11889689_876863652362504_1903634562353918449_n

Судиска двојка : Марјан Ецкоски и Ѓоко Лаброски.

Поврзани написи