Бел Мерцедес триумфираше на Богородица Куп 2012

August 29, 2012
Бел Мерцедес триумфираше на Богородица Куп 2012

Синоќа Спортскиот полигон во Волино, Арената Гоце Делчев беше претесна да ги прими сите оние кои сакаа да го проследат финалето на годинешното 15-то издание на Богородица Куп 2012. Атмосферата  навистина беше прекрасна, празнична и со рекорден број на посетители.

Екипата на Бел Мерцедес сосема заслужено  и триумфално го “извози” овој турнир и се запиша како нов освојувач на Богородица Куп. Во финалето синоќа Бел Мерцесес беше пресилен противник за домашната екипа на Сатеска и сосема заслужено победи со високи 5-0 ( 3-0). Кај домашните уште од самиот почеток на натпреварот се чуствуваше заморот, а пред се депресијата поради претходно загубениот натпревар во турнирот во Драслајца.Таксистите мошне лесно во првото полувреме дојдоа до висока и недостижна предност од 3-0 со головите на Стојкоски, Далчев и еден автогол на домашните. Во второто полувреме победата и шампионската титула ја заверија Стојкоски со својот втор гол и Аце Велески. Домашните на неколку пати запретија, но одличниот голман Абди браворузно интервенираше, па дури во финишот на натпреварот го одбрани и пеналот на најдобриот стрелец на турнирот, Секулоски. Во секој случај триумфот на екипата на Бел Мерцедес  е заслужен и чист како солза.

Претходно во натпреварот за трето место минатогодишниот шампион екипата на ФК Стефан Толески ја совлада екипата на Ремис со 5-3. По два гола за пештанци постигнаа Медароски Јован и Горан, а еден Најдески. За Ремис головите ги постигнаа два Никодиноски и еден Лолески.

Натпреварите одлично ги водеше судиската двојка-Настоски и Секулоски.

Резултати-финален ден

Натпревар за трето место- ФК СТЕФАН ТОЛЕСКИ-РЕМИС  5-3  ( 2-2 )

Финале,натпревар за прво место  ФК САТЕСКА-БЕЛ МЕРЦЕДЕС  0-5  ( 0-3 )

Финалната вечер, низ објективот на volino.mk…

Поврзани написи