Биењето на црковната камбана ќе го најави Христовото Воскресение

April 15, 2017
Биењето на црковната камбана ќе го најави Христовото Воскресение

Волино и Волинци ги прават последните подготовки за прослава на Празникот над празниците, Христовото Воскресение – Велигден.

И оваа година со биењето на црковната камбана Волинци ќе ја дочекаат радосната вест за Христовото Воскресение.

Христовото Воскресение во Волино ќе се одбележи со повеќе празнични активности и тоа:

Недела, Велигден

00.оо часот – Биењето на Црковната камбана го најавува Христовото Воскресение,

09.00 часот – Велигденска богослужба во Црква “Св.Богородица”, во сослужение на парохискиот свештеник, Диме Димоски, и давање на Света Велигденска причесна,

12.00 часот –Велигденско евангелие, Црква “Св.Богородица”,

16.00 часот – Велигденско Волинско Фудбалско дерби /Волинско Ел Класико/  –Горна Маала vsДолна Маала, на “Гоце Делчев” Арената,  во Волино,

Поврзани написи

Коментарите се затворени.