Богородица Куп

Турнирот во мал фудбал во Волино кој оваа година ќе се одржи по 16-ти пат и официјално со ново име и лого. Турнирот кој се одржува во чест на Успение на Пресвета Богородица /Голема Богородица, заштитничка на Волино од Турнир во мал фудбал:  Пресвета Богородица” -Волино се ребрендира во Турнир во мал фудбал:  Богородица Куп “ –Волино.

Турнирот официјално добива и свое лого, односно заштитен знак. Логото претставува жолта кружница на црвена основа во која е испишано името на Турнирот, а во средината на кругот е аплициран волинскиот штрк со фудбалска топка.  Зошто штркот?  Штркот е своевиден заштитен знак на селото и секој волинец се гордее со него. Домот/седелото на штркот е на врвот од селското училиште и тој е домаќинот на спортскиот полигон. А, има и нишка која го поврзува штркот со Пресвета Богородица. Пресвета Богородица , големата мајка на Исус Христос е симбол на плодноста. Штркот во нашиот фолклор исто така  симболизира пород ( нели штркот е тој кој ги носи децата! ), го симболизира семејството, домот, верноста, но и постојаното обновување- секоја пролет неуморно патува за да дојде пак во своето старо гнездо ( така и турнирот се обновува/одржува секоја година ).


Коментарите се затворени.