Богородица Куп 2012 : Дербито на вечерта за Сатеска

August 15, 2012
Богородица Куп 2012 : Дербито на вечерта за Сатеска

Третата вечер на Турнирот  донесе нови фудбалски возбудувања и убави натпревари. Дербито на вечерта и припадна на Сатеска која со 7-5  ги совлада комшите од Мешеишта. Натпреварот беше возбудлив, со прекрасни фудбалски потези, одбрани на голманите, со многу пресврти, за да финишот им припадне на домаќините. Секулоски постигна хет трик, по еден гол постигнаа Димитар Скепароски, Трпкоски и Бочески, а еден гол беше автогол на Бујароски. За Мешеишта Аврамоски  Стефчо  исто така постигна три гола, а по еден гол постигнаа Стојаноски и Шулески..

Минатогодишниот победник екипата на Стефан Толески во  својот прв натпревар во одбрана на титулата освои само бод. Пештанци иако со головите на Кочоски и Чашитоски имаа водство од 2-0 и тоа не беше доволно за победа.Екипата на Студио за масажа Петан со двата гола на Елвис Бајрам стигна до бод.

Нерешено заврши и натпреварот помеѓу ФК Рудар Куратица и Железара мајсторче.Рударите долго време водеа, но не успеаја да го сочуваат водството, примија гол во последните минути од натпреварот.

Во последниот  натпревар вечерва  екипата на Ложани беше подобра од некомплетната екипа на Мила Охрид, победувајќи со 4-2.

Резултати трет ден

ФК Стефан Толески – Студио за масажа Петан  2-2  ( 1-0 )

ФК Рудар Куратица-Железара Мајсторче   1-1   ( 1-0 )

ФК Сатеска-Мешеишта    7-5  ( 2-2 )

Мила Охрид – Ложани  2-4 ( 1-3 )

 

Среда, 15.08.

20.00 Ресен Кавалино – Наташа

21.00 Ѓоршулески компани – Волино.мк

22.00 Фаланга-Куратица

23.00 Ботун-Еми 94 Рача

 Ден од вечерашните моменти низ фото објективот на volino.mk…

Поврзани написи