Богородица куп 2012 : Фаворитите убедливи на стартот

August 13, 2012
Богородица куп 2012 : Фаворитите убедливи на стартот

Со одигрувањето на првите четири натпревари вечерва започна Богородица Куп 2012, на кој учествуваат 31 екипа. Фаворитите беа убедливи на стартот, постигнувајќи  сигурни и високи победи.

 Во првиот натпревар екипата на Бел Мерцедес ја оправда фаворитската улога и со високи 7-1 (3-1) ја совлада екипата на Арсенал од Струга. По два голови за Бел Мерцедес постигнаа Далчев и Целакоски, а по еден Митрески, Велески и Нически, а почесниот гол за Арсенал го постигна Арифи.

Во вториот натпревар минатогодишниот финалист Аптека Христијан Први Филип втори со сигурни 3-0 ( 1-0) ја совлада младата екипа на Охрид 2012,со головите на Ристе и Славчо Јосифоски и Мургоски.

Екипата на Ремис беше пресилна за младата и симпатична екипа на Технобела Ам, победувајќи со  4-1 ( 2-0).Двојни стрелци за Ремис беа Илоски и Никодиноски, а за Технобела стрелец беше Стрезоски Иван.

Во последниот вечерашен натпревар екипата на Инсомнија Враништа беше убедлива и со високи 6-0 ( 2-0 ) ја победи екипата на Жиголо од Охрид. Милески постигна 4 гола и ја поведе трката за најдобар стрелец, а по еден гол постигнаа Чулипаноски и Затуроски.

Резултати прв ден

Бел Мерцедес-Арсенал 7-1
Аптека Христијан Први Филип Втори-Охрид 2012   3-0
Ремис-Технобела Ам   4-1
Инсомнија-Жиголо  6-0

Понеделник, 13.08 играат

20.00-Горно Лакочереј-Ботун
21.00-Бизон – Деко Транспорт
22.00-Ташморуништа – АМС Рача
23.00-Дрим Тим-Македонска Фаланга

Случувањата од денешните натревари:

Поврзани написи