Богородица куп 2012 – Младите се заинтересирани за малиот фудбал

July 31, 2012
Богородица куп 2012 – Младите се заинтересирани за малиот фудбал

Volino.mk Ви го пренесува написот Богородица куп 2012-Младите заинтересирани за малиот фудбал изготвен од http://www.superradio.com.mk/а објавен на порталот http://ohridpress.com. Благодариме за популаризацијата на турнирот и малиот фудбал.

Годинава по 15-ти пат во селото Волино ќе се одржи Турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2012 “.

Турнирот годинава е ребрендиран и има ново лого. Пријавувањето на екипите е во тек, а финалниот натпревар ќе се одржи на празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28-ми август. Организаторите очекуваат голем број екипи да земат учество на купот, со оглед на тоа дека малиот фудбал како спортска дисциплина буди огромен интерес кај најмладите.

Раководејќи се според искуството од минатите години, на турнирот за мал фудбал организаторите очекуваат силите да ги одмерат од 25 до 30-на екипи. Нема сомневање дека и годинава турнирот ќе помине во знакот на квалитетните екипи и фудбал, како и фер и спортска игра.

– Последниве години забележително е помасовно присуство на публика и посетеност. За тоа се грижат секоја година самите организатори. Го уредивме спортскиот полигон, трибините и ги подобривме условите за одигрување на натпреварите, вели Зоран Ногачески, еден од главните организатори.

Малиот фудбал е популарен кај младите. Претежно во пролетниот и летниот период се одржуваа турнири во мал фудбал во охридско-струшкиот регион. Како најистакнати се издвојуваат Велигденскиот турнир кој се одржува секоја година на празникот Велигден во спортската сала во Охрид и турнирот „Богородица куп“ во Волино. Таленти и интерес за малиот фудбал има, но инвестиции малку.

– Младите се заинтересирани за малиот фудбал, но можеби отсуствува поголемо инвестирање и од Фудбалската федерација на Македонија. Таленти има многу, посебно во руралните средини, во селата, но треба некој да ги „лови“, па да вложува во нив, смета Ногачески.

Екипите можат да се пријавуваат до 10 август, кога ќе се изврши и извлекувањето. Натпреварите започнуваат на 11-ти август во селото Волино. Двете најдобри екипи ќе го заокружат овој турнир на финалето на 28-ми август на празникот Голема Богородица, кој воедно е и заштитен празник за селото Волино. Покрај спортот најавена е и богата културно-уметничка програма.

Поврзани написи