Според очекувањата екипите на АСП Пак, Сатеска, Кадмо Бар и Сите Светии кои важеа за фаворити  во четвртфиналните натпревари обезбедија пласман во полуфиналето на Богородица Куп 2015.

Во синоќешните натпревари екипите на Кадмо Бар и Сите Светии победија со идентични 5-2. против екипите на Фаланга, односно Дејан Војвода. И додека екипата на Кадмо уште во првото полувреме го реши натпреварот со водството од 3-0, екипата на Сите Светии со пресврт во второто полувреме, по негативата од 0-1 дојде до полуфиналето, со четирите гола на најефикасниот стрелец на турнирот, Дарко Симјаноски, кој има постигнато 13 голови.

Во првиот четвртфинален натпревар екипата на АСП Пак со двата гола на Ѓорѓиески и еден на Милошески со 3-0 го елиминираше минатогодишниот победник на Богородица Куп, екипата на Инсомнија Враништа, која годинава настапи хендикепирана, без неколку свои стандардни играчи.

Екипата на домаќинот Сатеска, во еден на моменти нервозен натпревар ја совлада екипата на Вики Транс со 2-0, со головите  на Бочески уште во втората минута и на Секулоски од пенал во второто полувреме.

Вечерва на програмата се двата полуфинални натпревари од кои многубројната публика со право очекува добар фудбал и многу возбудувања.

 

Резултати четвртфинале

АСП Пак – Инсомнија 3-0 ( 1-0 )
ФК Сатеска – Вики Транс 2-0 ( 1-0 )
Кадмо Бар Вила Хармони – Фаланга 5-2 ( 3-0 )
Сите Светии – Дејан Војвода 5-2 ( 0-1 )

Четврток, 27.08. полуфинале

21.30 АСП Пак – Сите Светии
22.30 ФК Сатеска – Кадмо Бар