Три од петте синоќешни натпревари на Богородица Куп завршија без победник. Во првиот натпревар Сите Светии Лешани  играа нерешено против екипата на Пекари 5-5, а за одбележување е дека лешанци целиот натпревар го играа со играч помалку, бидејќи на натпреварот допатуваа некомплетни.

Мошне интересен натпревар одиграа екипите на Кафе бар Инсомнија Враништа и Копачка Мороишта. На крајот комшиското дерби заврши без победник, но и без голови.

И натпреварот од Б групата помеѓу екипите на Мешеишта и Вики Транс кој одлучуваше кој ќе биде прв во групата заврши нерешено 2-2, со што екипата на Вики Транс поради подобрата гол-разлика го освои првото место, а екипата на Мешеишта како второпласирана обезбеди пласман во осминафиналето.

Екипата на Бале Турс со својата втора победа над екипата на Драслајца од 6-2 обезбеди пласман во осминафиналето. За одбележување е тоа што победничките три гола екипата на Бале Турс ги постигна во последните две минути кога драслајчани при негатива од  2-3 тргнаа на се или ништо и притоа два гола директно од својот гол постигна голманот на Бале Турс, Костоски.

Во петтиот синоќешен натпревар екипата на Кадмо Вила Хармони во својот прв натпревар на турнирот во второто полувреме ја торпедираше екипата Квнбера Квинбијан, со високи 8-0.

Со синоќешните натпревари завршија натпреварите од првиот круг во  Б групата.

Б ГРУПА КОНЕЧНА ТАБЕЛА

Б 1.

ВИКИ ТРАНС

3

2

1

0

14-5

7

Б 2.

МЕШЕИШТА

3

2

1

0

10-4

7

3.

ЕНТИТИ МЕШЕИШТА

3

1

0

2

5-11

3

4.

ДООЕЛ НОЧЕ

3

0

0

3

3-12

0

 

Резултати од синоќа :

Сите Светии – Пекари   5-5  ( 1-3 )
Бале Турс – Драслајца  6-2 ( 2-1 )
Кафе Бар Инсомнија – Копачка   0-0
Канбера Квинбијан – Кадмо & Вила Хармони   0-8  ( 0-1 )
Мешеишта – Вики Транс  2-2  ( 1-1 )

Денес, 21.08. играат:

19.00 Банда без команда – Пупе Компани

20.00 Плажа Оревче – Сатеска 2015

21.00 Хотел Монтенегрин – Илинче

22.00 ФК Сатеска – Типлери

23.00 Јован 2014 – Дејан Војвода