Со синоќешните четири осминафинални натпревари се докомплетираа осумте четвртфиналисти на Богородица Куп 2015.

Во првиот синоќешен натпревар екипата на Вики Транс со високи 6-0 ја победи екипата на Пупе Компани.

Кадмо Бар со најбрзиот гол на турнирот на Толески во 15-та секунда и голот на Чашиткоски во второто полувреме ја совлада цврстата екипа на Бале Турс со 2-0.

Интересен натпревар одиграа екипите на Монтенегрин и Фаланга, во кој “фалангите” приредија мало изненадување победувајќи ја фаворизираната екипа на Монтенегрин. Натпреварот беше решен на почетокот на второто полувреме со голот на Грчески.

Највозбудлив натпревар синоќа одиграа Др.Баткоски Вевчани и Дејан Војвода.По водството на вевчанци во првото полувреме со голот на Шекуткоски од пенал “војводите” со голот на Дескоски и автоголот на Алулоски направија пресврт и дојдоа во водство од 2-1. На крајот следуваше највозбудливата минута на турнирот. Со прекрасниот гол на Симакоски на пеесет секунди пред крајот Др.Баткоски изедначи на 2-2.Во следниот напад, на 23 секунди пред крајот оправдано беше досуден пенал за екипата на Дејан Војвода. Сигурен реализатор беше Христоски, за победа од 3-2 и пласман во четвртфиналето.

Денес на програмата се четирите четвртфинални натпревари.

Резултати од синоќа :

Вики Транс – Пупе Компани 6-0 ( 4-0 )
Кадмо Бар Вила Хармони – Бале Турс 2-0 ( 1-0 )
Хотел Монтенегрин – Фаланга 0-1 ( 0-0 )
Др. Баткоски – Дејан Војвода 2-3 ( 1-0 )

Денес, 26.08. играат :

20.00 АСП Пак – Инсомнија 1/4
21.00 ФК Сатеска – Вики Транс 1/4
22.00 Кадмо Бар Вила Хармони – Фаланга 1/4
23.00 Сите Светии – Дејан Војвода 1/4