БОГОРОДИЦА КУП 2015: САТЕСКА И ПЛАЖА ОРЕВЧЕ ОДИГРАА НАТПРЕВАР ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ГУРМАНИ

August 25, 2015
БОГОРОДИЦА КУП 2015: САТЕСКА И ПЛАЖА ОРЕВЧЕ ОДИГРАА НАТПРЕВАР ЗА ФУДБАЛСКИТЕ ГУРМАНИ

Со почетокот на осминафиналните натпревари како да започнаа и вистинските возбудувања на Богородица Куп. Распоредот беше немилосрден и посака старите турнирски ривали, екипата на домаќинот ФК Сатеска и Плажа Оревче од Пештани да се сретнат уште во осминафиналето. Според очекувањата старите ривали одиграа уште еден натпревар за паметење. Во натпревар со многу возбудувања и фудбалски мајстории посреќна беше домашната екипа. Пештанци на три пати водеа со двата гола на Танески и еден на Ампов, не искористија пенал, а домаќините на три пати со  двата гола на Никола Скепароски и еден на Секулоски се враќаа по негативата од еден гол. Натпреварот беше решен во трилер завршницата со голот на Димитар  Скепароски, во последната минута од натпреварот.

На два синоќешни натпревари пеналите решаваа кој ќе оди во четвртфиналето. Во натпреварот помеѓу Инсомнија и Маркети Ангелоски, “маркетите” со гол во последната минута стигнаа до нерешени 2-2, но во пенал рулетот беа неефикасни и загубија со 0-3.

Интересен натпревар одиграа Сите Светии Лешани и Мешеишта. По првото полувреме лешанци имаа сигурно водство од 2-0, но мешеиштани со одлична игра во второто полувреме и бравурозните одбрани на голманот Аврамоски стигнаа до пенали. Во пенал рулетот мешеиштани имаа меч топка, Алексиески не ја искористи за да на крајот се радуваат лешанци со 6-5.

Во првиот осминафинален натпревар екипата на АСП Пак со сигурна игра ја совлада екипата на Илинче со високи 7-3.

Во мајсторката за пласман во осминафиналето екипата на Фаланга со по двата гола на Попоски и Аџиоски ја совлада екипата на Ресторант Острово со 4-1 и обезбеди осминафинален натпревар со екипата на Монтенегрин.

Резултати од синоќа

осминафинале

АСП Пак -Илинче   7-3  ( 3-1 )
Кафе Бар Инсомнија – Маркети Ангелоски   2-2  ( 2-1 ) на пенали  3-0
ФК Сатеска – Плажа Оревче   4-3  (  1-1 )
Сите Светии – Мешеишта   2-2  (  2-0 )  на пенали 6-5

 

натпревар за пласман во 1/8
Ресторант Острово – Фаланга   1-4  ( 0-2 )

 

Вторник, 25.08. играат :

20.00 Вики Транс – Пупе Компани 1/8
21.00 Кадмо Бар Вила Хармони – Бале Турс 1/8
22.00 Хотел Монтенегрин –  Фаланга 1/8
23.00 Др. Баткоски – Дејан Војвода 1/8

Поврзани написи