БОГОРОДИЦА КУП ДЕВЕТТИ ДЕН: СЕ КОМПЛЕТИРААТ ОСМИНАФИНАЛИСТИТЕ

August 22, 2015
БОГОРОДИЦА КУП ДЕВЕТТИ ДЕН: СЕ КОМПЛЕТИРААТ ОСМИНАФИНАЛИСТИТЕ

Синоќа проследивме уште пет натпревари на Богородица Куп , со кои завршија натпреварите во А и Д групата. Екипата на Пупе компани дури во второто полувреме го скрши отпорот на младата екипа на Банда без команда и со победа од 2-1 стигна до осминафиналето.

Екипата на Плажа Оревче без проблеми со високи 7-1 ја победи младата екипа на Сaтеска 2015.

Мошне интересен натпревар одиграа Монтенегрин и Илинче, кој заврши нерешено 1-1.

Во натпревар кој немаше резултатско значење екипата на ФК Сатеска со 8-4 ја совлада екипата на Типлери и со максимални три победи го освои првото место во Д-групата.

Највозбудливиот натпревар синоќа   го одиграа екипите на Јован 2014 и Дејан Војвода. Натпреварот директно одлучуваше за вториот патник  во осминафиналето од Д групата.  Натпреварот во регуларните 40 минути заврши нерешено 1-1. Со оглед на тоа да двете екипи имаа ист број на бодови, а нивниот меѓусебен натпревар заврши нерешено според пропозициите на турнирот за пласман во осминафиналето се изведуваа пенали. Во пенал рулетот посреќни беа Дејан Војвода и со победа  од 3-1 обезбедија пласман во осминафиналето.

А ГРУПА КОНЕЧНА ТАБЕЛА

А 1.

СИТЕ СВЕТИИ

3

2

1

0

22-9

7

А 2.

ПУПЕ КОМПАНИ

3

2

0

1

6-9

6

3.

ПЕКАРИ

3

1

1

1

9-9

4

4.

БАНДА БЕЗ КОМАНДА

3

0

0

3

5-15

0

Д ГРУПА КОНЕЧНА ТАБЕЛА

Д 1.

ФК САТЕСКА

3

3

0

0

19-10

9

Д 2.

ДЕЈАН ВОЈВОДА

3

1

1

1

9-9

4

3.

ЈОВАН 2014

3

1

1

1

6-6

4

4.

ТИПЛЕРИ

3

0

0

3

6-15

0

 

Резултати од синоќа:

Банда без команда – Пупе Компани  1-2  ( 1-0 )
Плажа Оревче – Сатеска 2015  7-1  (  3-1 )
Хотел Монтенегрин – Илинче  1-1  (  0-0 )
ФК Сатеска – Типлери  8-4  (  2-1 )
Јован 2014 – Дејан Војвода  1-1  ( 0-0 )  на пенали  1-3

Денес, 22.08. играат :

20.00 Хотел Монтенегрин – Кафе Бар Госип

21.00 Маркети Ангелоски – Кадмо Вила Хармони

22.00 Бреш – Др. Баткоски

23.00 АСП Пак – Фаланга

Поврзани написи