Божиќна честитка

January 7, 2017
Божиќна честитка

Утринава со биење на камбаните јавена е радосната вест Христос се роди, вистина се роди. Денес сите православни христијани го слават Рождеството Божје.

 На денот на Исусовото раѓање Ви посакуваме љубов и радост, среќа и ведрина, насмевка и топлина и најмногу од сé, верба во можноста за ново раѓање на добрината, искреноста,  чесноста .

Честит Божик, убава Македонијо! Прими ја уште еднаш светлината на Христовото Рождество и украси се со радост!

Нека Христовиот мир царува во секое срце и нека Ве следи секое добро!

Христос се роди, вистина се роди – Честит Божиќ.

Не бојте се! Денеска се роди Спасителот,

кој е Христос Господ: и еве Ви знак: ќе најдете Младенец повиен во јасли”.

И ангелскиот хор веднаш ја запеа песната

Слава на Бога во висините, а на земјата мир меѓу луѓето со добра волја” (Лук.2-14).

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.