Четири години Volino.mk – Топлата страна од сонцето

January 1, 2015
Четири години Volino.mk – Топлата страна од сонцето

Првиот ден од Новата 2015 година се навршуваат четири години откако во онлајн светот сосема скромно и ненаметливо се појави www.volino.org,  веб страница за  Волино и Волинци, која по првата година се ребрендира во volino.mkтоплата страна од сонцето. 

Првичната цел ни беше  да ги искористиме можностите што ни ги дава информатичката технологија и интернетот и да креираме веб страница на која ќе можете да се информирате за се ново во Волино. По три изминати години,  имајќи ја во предвид посетеноста на страницата ( 1000-1500 посети дневно и 840 фејсбук пријатели ) цениме дека сме на добар пат. Од Вашите коментари на објавените статии можеме да видиме дека ја имаме поддршката на Волинци и во татковината и во емиграција.

Благодариме на сите поединечно за поддршката и критиките во изминатиот период,  кои не мотивираат да продолжиме понатаму.

Посебна благодарност и до нашите Волинци и Македонци во емиграција, особено нашите дописници од Австралија,  кои со своите прилози ги збогатуваа содржините на volino.мк.

Благодарност и до нашите спонзори ( дадени на банерите) кои со свои средства помогнаа и помагаат Volino. мк  да ја види светлината на денот и да опстојува во онлајн светот.

Во периодот кој следува ќе ја задржиме трасата  volino.mk  да прерасне во електронски медиум – портал  во вистинската смисла на зборот, медиум кој  секојдневно ќе пулсира со Волино и волинци, ќе го следи нивниот животот  од дамнина до денес, и ќе обработува содржини и теми од пошироко национално значење. Периодот во кој влегуваме ќе биде исполнет до доста новитети, а сето тоа ќе колуминира кон крајот на 2015 година кога ќе започнеме со низа активности како дел од нашиот 5 јублеен роденден. А, до тогаш..

Едноставно, како екипа која ги негува руралните вредности и руралниот начин на живот, после четири години напорна работа, која воедно ни претставува и уживање, ќе продолжиме да работиме за доброто на Волино и Македонија, каде и да се.

Благодариме што не следите и што сте дел од нас.

 

Volino.mk – Топлата страна од сонцето

Поврзани написи