Црвеното јајце – симболот на Велигден

April 14, 2012
Црвеното јајце – симболот на Велигден

За Велигден има многу обичаи во светот, но само еден ги обединува сите. Вапцањето на јајца е обичај кој има своја симболика. Тоа е затворено,  мртво, а од него излегува нов живот што го претставува Христовото воскресение од гробот.

Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!
Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Посебна радост и ритуал на Велигден претставува кршкањето со јајцата.Притоа тој чие јајце ќе победи , му го зема, му го ,,печали,, јајцето на другиот што му се скршило. Во минатото често пати мо­же­ше да се слу­чи оној што гу­би по не­кол­ку па­ти да оди до до­ма и да се вра­ќа до­де­ка пле­те­на­та кош­ни­ца со јај­ца на кре­де­не­цот не ос­та­не­ше праз­на!
За да од­не­сат по­бе­да во кр­ше­ње­то и за да ќа­рат по­ве­ќе јај­ца, ма­ал­ски­те фра­е­ри беа вис­тин­ски мај­сто­ри веш­тач­ки да нап­ра­ват цврс­ти и не­крш­ли­ви јај­ца,  кои за­ли­чу­ваа на при­род­ни­те, а најчесто тоа беа дрвените вапсани јајца.

Поврзани написи