Дали ОМД и во Скопје ќе го повтори успехот од Вашингтон?

May 25, 2013
Дали ОМД и во Скопје ќе го повтори успехот од Вашингтон?

Колку што се наближува времето за одржување на 4-тата конференција на Обединета Македонска Дијаспора во Скопје, Р. Македонија на 24-27 јули 2013 година, толку интересот во јавноста е се поголем и поголем. Членовите на оваа најуспешна Македонска организација надвор од Македонија со нетрпение го очекуваат нејзиното отворање. Понудената програма, која навестува интересни теми за учесниците, поготово приоритет ќе и се даде на темата – 100 Годишнината од поделбата на Македонија во Букурешт, за која лично ќе бидат запознаени од излагањата на плејада врвни професори и експерти по историски науки.

Виктор Бивел и Иван Трпоски со наградите од ОМД во Вашингтон 2011 со Амбасадорката на РМ Љубица Аческа и Потпретседателот на ОМД Александар Митрески

Виктор Бивел и Иван Трпоски со наградите од ОМД во Вашингтон 2011 со Амбасадорката на РМ Љубица Аческа и Потпретседателот на ОМД Александар Митрески

Покрај предавањата предвидени се и дискусии на учесниците, средби со државни и странски дипломати, вечерни забави, патнички турии и секако Гала вечерта на која ќе бидат доделени повеќе признанија на заслужни активисти од македонската заедница, како и на поткрепители и соработници од пријателски земји. Интересно е што ОМД организира и групни излети  низ Скопје, низ Благоевград, низ Охрид, Струга и Пустец, низ Битола и Воден и низ познатите винарски визби на Македонското Повардарие. Убаво е да се види и чуе се што е добро и е во интерес на Македонија и Македонците. А тоа без сомнение ќе ни го овозможат вредните организатори на ОМД. Се надеваме дека и овој пат ќе понесовме прекрасни спомени  какви што понесовме од 3-та Конференција која што се одржа во Вашингтон во 2011 година. Како што сме информирани од Штабот на ОМД , учесниците на конференцијата во Скопје меѓу другите ќе ги поздрави и Министерот за надворешни работи на Р. Македонија г-динот Никола Поповски.

Делегатите на ОМД лобира во конгресменскиот Парламент во Вашингтон 2011

Делегатите на ОМД лобира во конгресменскиот Парламент во Вашингтон 2011

Колку за потсетување на читателите, на 3-та Конференција во Вашингтон во 2011 година, Македонската делегација од Австралија ја сочинуваа следниве лица: Даме Крцоски, Роберт Пасквале. Цане Спасески (Перт), Ананија Ананиевски (Мелбурн), Здравко и Тони Јошески, Виктор Бивел и Иван Трпоски (Сиднеј).

Делегати од Австралија учесници на конференцијата од ОМД во Вашингтон 2011 Ананија Ананиевски, Роберт Пасквале, Даме Крцоски, Иван Трпоски, Здравко и Тони Јошески, Цане Спасески со домајќините Мето Колоски и Љубица Аческа

                                                                                                                               Иван Трпоски    

Поврзани написи