Дебито на ФК Сатеска во Трета лига неуспешно

September 8, 2016
Дебито на ФК Сатеска во Трета лига неуспешно

Дебито на Сатеска во Третата лига Југозапад сепак не беше успешно. Во првиот натпревар Сатеска загуби на Ѓоргов мост од соседскиот ривал, екипата на ГФК Охрид со 1-4 ( 1-1 ) . Натпреварот се одигра под тешки услови за игра, проследени со силен дожд и лизгав терен. Домаќините добро започнаа и први го отворија резултатот уште во 10 минута по оправдано досудениот пенал и успешната реализација на Никола Скепароски. Во продолжението следуваа уште неколку убави шанси, на Бочески, Секулоски и пречка на Стоески Јован. Казната следуваше во 43 минута, кога по една мешаница, во казнетиот простор  со рака играше Силјаноски, по што судијата Шакири по вторпат покажа на белата точка. За охриѓани реализираше Далчев. Во 53 минута Никодиноски ги доведе гостите во водство, по грубата грешка на потесната домашна одбрана и голманот Силјаноски. Во продолжението следуваа две-три шанси за домашните, гостите спасуваа и од самата гол линија и резултатот остана непроменет. И кога се очекуваше завршен притисок на домаќините, до израз дојде нивната физичка неподготвеност и гостите со головите на Далчев во 86 и Шенол во 89 минута заслужено дојдоа допобеда, изразена  високи 4-1.

Натпреварот многу добро го водеше струшкиот судија Шакири.

Сатеска поправниот испит го има веќе во недела, на гостувањето во Радолишта против екипата на Фламуртари.

Поврзани написи