Ден на дрвото – засади ја својата иднина

November 21, 2012
Ден на дрвото – засади ја својата иднина

Денес во Република Македонија по 10-ти пат се одржува традиционалната акција-Ден на дрвото 2012.

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се роди во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планетета, и шумите се жители како и ние„ и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите„ ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на г-дин Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

Во Охридско пошумувањето ќе се врши во местноста Мауцкер.

Поврзани написи