Ден на македонските и сесловенски просветители Светите Кирил и Методиј

May 24, 2013
Ден на македонските и сесловенски просветители Светите Кирил и Методиј

Секој народ во сопствената историја има свои патријарси, херои и гении кои со својот живот и со својата личност, поставиле основни критериуми на вредност, по кои ќе се движат идните генерации. Па така и нашите патријарси,  светите Кирил и Методиј, прифаќајќи ја мисијата меѓу Словените во Моравија, ги удриле темелите на словенското просветителство, образование и воспитание.

Во нивна чест 24 мај се слави како ден на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Свети Кирил и Методиј ( Кѷриллъ и Меѳодїи) се родени во Солун деветиот век. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за ко-патрони на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

Првосоздадена азбука била глаголицата, која имала 38 букви, а потоа е создадена кирилицата.Се претпоставува дека глаголицата ја создал Кирил пред заминувањето во Моравската мисија во 863 година. Азбуката го добила името по старословенскиот збор глаголати, што значи зборување.

Бидејќи глаголицата била доста тешко и комплицирано писмо, веќе во 10 век се појавила поедноставената варијанта – кирилицата, која имала 44 букви.

Нека ни е честит овој светол ден. Честито нека е и на сите кои ги носат имињата на нашите просветители, Светите Кирил и Методиј !

21B98F253AA6FC49BD31380712BFEF89

Поврзани написи

Коментарите се затворени.