Денес е Чист Понеделник

February 27, 2017
Денес е Чист Понеделник

Понеделникот по Прочка се вика Чист Понеделник и тогаш започнува  седумнеделниот Велигденски пост, кој трае 42 дена се до Воскресението на Исус Христос – Велигден.
Датумот за почетокот на постот зависи од датумот на прославувањето на најголемиот христијански празник – Велигден кој секогаш го менува датумот, но денот секогаш мора да се падне во недела полна месечина после пролетната рамноденица.
На овој ден се чисти куќата, особено се внимава садовите за храна да се измијат и испоснат од мрсното. Во минатото тоа се правело со брашно или пепел и со подолго вриење. Бакарните садови за целосно да се очистат од мрснотиите наново се калаисувале .Се јаде посна храна како посен грав, кисела зелка, суви црвени пиперки со праз, комат со коприви  и расолница. Понабожните три дена ништо не јаделе, а во средата оделе во црквата каде што земале светена вода „нагезмо”, а потоа дома приредувале гозба, со посна храна, на која ги канеле роднините и пријателите.

Сепак велигденскиот пост не значи само одрекување од храна. Важен е и духовниот пост. Верниците во деновите на постот треба да се воздржат од лоши мисли и дела, и да се обидат да најдат духовен мир, без што постот нема смисла.

Поврзани написи