Денес се празнува Преподобна Матрона Цариградска

November 22, 2013
Денес се празнува Преподобна Матрона Цариградска

Денес, 22 ноември православната црква го слави споменот на Преподобна Матрона Цариградска. Од Пергија Памфилиска. Брзо и се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот и непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Овој празник меѓу народот е познат како Св.Петка.

Во Волино го слават Андрониковци, Ангелковци, Војдановци, Николовци, Секуловци, Терзиовци.

Поврзани написи