Денес се слави Св.Атанасиј Велики – Танасовден /зимски/

January 31, 2013
Денес се слави Св.Атанасиј Велики – Танасовден /зимски/

Нашиот народ два пати во годината го празнува споменот на овој светец: Танасовден – летен и Танасовден – зимен. На 15 мај, денот на неговото упокојување Светата православна црква го празнува како Св. Атанасиј Велики или Танасовден – летен, а на 31  јануари  како Св. Атанасиј или Танасовден -зимен. На тој ден заедно се празнува споменот на двајцата светители архиепископи на александриската црква св. Атанасиј и св. Кирил Александриски.

Свети Атанасиј Велики е еден од столбовите на христијанската црква и има значаен култ меѓу македонскиот народ. Светата православна црква нему најповеќе му должи благодарност за победата над опасната аријанска ерес, за создавањето на Симболот на верата, а има и големи заслуги и за развијот на монаштвото на запад. Со својот начин на живеење останал пример и за мирјаните и за епископите.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците..

Свети Атанасиј е домашен празник на многу семејства, но и на цели села .

Во Волино како куќна слава Танасовден го слават Трпковци, Коросковци и Печовци.

 Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Поврзани написи

Коментарите се затворени.