Денес се слави Света Петка

August 8, 2012
Денес се слави Света Петка

Православната црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота бил ден за подготовки пред празникот (во стариот завет саботата била празник, а не неделата).  Параскева значи подготовка.

Света Петка Римска,  маченица од II век, нејзиниот ден се празнува на 8 август, кај народот познат како Петковден Летни.

Света Петка Трновска, кај Србите позната како Света Петка Биоградска, нејзиниот ден се празнува на 27 октомври, кај народот познат како Петковден Зимски.

Во Волино, на 2 август , Илинден 2010 година беше поставен камен темелник на новата црква, посветена на Света Петка. Црквата се гради во местноста Света Петка. Со донација добиена од Волинци во Австралија и други верници црквата е изградена. Во наредниот период се очекува да се изработи иконостасот и да се изврши фрескоживописување.

Поврзани написи