“Денот на Дрвото- засадија својата иднина” 2013

November 27, 2013
“Денот на Дрвото- засадија својата иднина” 2013

Денес во рамките на акцијата “Денот на Дрвото – засадија својата иднина” есен 2013 година, планирано е да се засадат 5 милиони дрвја на ниво на Р. Македонија.

Сонот за пошумена Македонија преку засадување на иднината се роди во август 2007 година, кога идејниот татко на акцијата, амбасадорот на мирот на UNESCO, светски познатиот баритон, маестро Борис Трајанов, трогнат од огромните катастрофални пожари, кои 2006 и 2007 ја соголија и опустошија Република Македонија, добива благородна идеја и поттикнува проект за масовно засадување на голините и опустошените планини.

Незаборавната изјава на уметникот дека „Не сме само ние жители на планетета, и шумите се жители како и ние„ и дека „Треба да се прогласи ден на жалост кога масовно умираат шумите„ ја зароди и осемени големата идеја кон реализација. Иницијатива на г-дин Трајанов, ја прифатија група ентузијасти, започнувајќи го проектот Ден на дрвото – засади ја својата иднина.

Поради спроведување на есенската акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина” 27-ми ноември (среда), е неработен ден за граѓаните на Република Македонија односно ќе се обработи (сабота) 30-ти ноември.

Поврзани написи