Ексклузивно – Вевчанскиот карневал

January 14, 2011

Секоја година  традиционално и на свој начин Вевчани го прославува доаѓањето на новата година.

Годинава, од 11 до 14 јануари  се одржува 1211-от Вевчански карневал, со кој Вeвчанци ја дочекуваат Новата година по стариот календар,манифестација стара повеќе од 1.400 години.

Вевчанскиот карневал е обичај под маска , со повеќе традиционални маски, меѓу кои секогаш се присутни зетот и невестата, глупиот август и ѓаволот, а ни една година нема исти маски како претходната.

Volino org на ден 13.01.2011 година присуствуваше во Вевчани и ексклузивно Ви пренесуваме дел од атмосферата пред започнувањето на Василичарското дефиле.

Вевчанскиот карневал завршува денес со традиционалното Василичарско оро на сретсело во Вевчани.

Зоран Ногачески

Поврзани написи