Евро-амбасадорот Ерван Фуере во посета на општина Дебрца

January 14, 2011
Евро-амбасадорот Ерван Фуере во посета на општина Дебрца

Во рамки на посетите по општините кои ги прави амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија, неговата екселенција Ерван Фуере денес,14.01.2011 година, ја посети општина Дебарца. Целта на посетата е запознавање со проблемите на општината, процесот на децентрализацијата, меѓуопштинската соработка, меѓуграничната соработка и искористување на ЕУ фондовите.

Со градоначалникот Љупчо Којчиноски имаше средба во неговиот кабинет, каде зборуваа за сите приоритети кои ги има општина Дебарца, за ЕУ проектите, за искористувањето на ЕУ фондовите и секако за проблемите на општината.

Тој се интересираше за тековните  активности на советот на општината , остварувањето  на соработката помеѓу партиите на позиција и во опозиција како и за можноста за унапредување на соработката по мошне клучни прашања.

Во рамките на посетата господинот Фуере ја посети и Интернационалната Уметничка колонија “Дебрца” –Белчишта,каде се информира за достигнувањата на Колонијата,се запиша во книгата за впечатоци,а од страна на Градоначалникот на општината на подарок како благодарност за досегашната соработка му беше врачена уметничка слика.

Како што е познато Евроамбасадорот Фуере ,кој ја претставува ЕУ во Република Македонија од ноември 2005 година наскоро заминува од должноста.Негов заменик ќе биде данскиот дипломат Петер Соренсен.

Зоран Ногачески

Поврзани написи