Фамилии

Населението во Волино е православно. Во 1880 година во селото Волино имало 45 куќи со 125 жители. Во 1900 година во Волино живеат 330 жители. По окупацијата на Македонија од Србија со балканските војни, во 1912-1914 има 347 жители, од кои 177 мажи и 170 жени. Во 1948 година бројот на жители во Волино е 609, во 1961 година 739, додека во 1981 година бројот на жители расте на 863. Според последниот попис во село Волино живеат 462 жители сите македонци христијани. Во селото има староседелски и доселенички родови кои се делат на родови кои си го знаат потеклото и родови со непознато потекло.

  • Андрониковци- во Волино се дојдени од некое село во Дебрца. Фамилијарна слава им е Св.Петка.
  • Бочевци- се дојдени од соседното село Мислешево. Фамилијарна слава им е Св. Пречиста.
  • Велјановци- во Волино се дојдени во 1906 година од селото Збажди. Прв дошол Герасим затоа се викаат и Герасимовци. Фамилијарна слава им е Св.Пречиста.
  • Војдиновци- во 1951 во Волино се дојдени од соседното село Мешеишта. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Далчевци- Фамилијарната лоза потекнува од селото Мороишта.
  • Доневци- фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Ивановци-дојдени се од селото Поум. Патронимот им е од некој предок Иван. Фамилијарна слава им е Митровден а на некои Св. Никола.
  • Илинковци- дошле од селото Илино Демирхисарско. Фамилијарна слава им е Св. Ѓорѓија.
  • Јакимовци- околу 1875 година од селото Ливоишта се доселил Ѓоре.
  • Јанкуловци- потекнуваат од селото Илино Демирхисарско. Се преселиле во Лешани, а една гранка се преселила во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Јовевци- тие се дојдени од селото Мешеишта. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Китановци-тие живееле само десет години во Волино.
  • Коросковци- потекнуваат од селото Црско. Фамилијарна слава им е Танасовден.
  • Костевци- од селото Враништа во Волино е дојден Косте во 1954 година. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Лошковци( Чољопановци)- во Волино живеел некој Наум Шијакоски. Тој немал пород и посинал двајца внуци. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Љабовци- потекнуваат од Драслајца. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Марковци- се викаат уште и Кожевци, потекнуваат од Црско. Фамилијарна слава им е Св. Ѓорѓија.
  • Митревци (Цакулевци)- во Волино се доселени од селото Сирула. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Мочаровци(Цветановци)- околу 1860 година се доселиле од соседното село Мешеишта. Фамилијарна слава е Св. Никола.
  • Неловци(Николовци)-доселени се од селото Брежани. Фамилијарна слава им е Митровден.
  • Николовци- водат потекло од ‘Ржаново Струшко. Се доселиле во Ливоишта и од таму после во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Ничевци- се доселени од Драслајца. Фамилијарна слава им е Св. Мартинија.
  • Ногачевци- потекнуваат од селото Велмеј, а по краток предстој во Ботун, се преселени во Волино. Фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Печовци- потекнуваат од село Ботун. Фамилијарна слава им е Танасовден.
  • ‘Ржанчевци- од селото ‘Ржаново дошол Ѓоре Секулоски кај тетка му.
  • Секуловци- во 1942 година се преселено од селото Мислешево. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Силјановци- во Волино се дојдени од Сошани. Го служат празникот Св.Ѓорѓија.
  • Скепаровци- потекнуваат од селото Лакајца, фамилијарна слава им е Св. Никола.
  • Стоевци- во Волино се доселени во 1852 година од соседното село Требеништа. Фамилијарна слава им е Пречиста.
  • Стојчевци- потекнуваат од селото Горенци и го слават празникот Митровден.
  • Терзиовци- доселени се од селото Сошани. Фамилијарна слава им е Св. Петка.
  • Трпковци- потекнуваат од селото Ливада. Го слават празникот Танасовден.
  • Трповци- оваа фамилија во Волино е доселена од соседното село Ливада. Го слават празникот Пречиста.
  • Тупанчевци- потекнуваат од селото Поум. Фамилијарна слава им е Петровден.
  • Чалдрмовци- дојдени се од Дебрца и го слават празникот Митровден.
  • Чкрковци(Ангелковци)- оваа фамилија е дојдена од Ливада, и ја слават Св. Петка.
  • Шкуртевци- потекнуваат од селото Биџево и го слават празникот Св. Никола.