Вечерва е завршницата на првиот младински турнир во мал фудбал „Меморијал Зоран Митрески – Бутрагењо“, Волино 2017.
На првиот турнир учество зедоа вкупно 16 екипи. Во изминативе десетина дена на спортскиот полигон во село Волино публиката имаше можност да види повеќе млади и талентирани играчи, фудбалски надежи на Македонија.
Пофалба за младите дечки, организатори на оваа спортска манифестација, која со поддршка на повеќемина се надеваме ќе стане традиционална.
Вечерва на програмата се натпреварите за трето и прво место.
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
21.00 часот – ДУ ЕЛ МА – ШАЛАБАЈЗЕРИ
НАТПРЕВАР ЗА ПРВО МЕСТО
22.00 часот – ВОЛИНО – ИСКРА