ФК Сатеска ги пали моторите за новата сезона

July 25, 2017
ФК Сатеска ги пали моторите за новата сезона

Од утре, среда, 26.07. четата на  Цвете Делиоски започнува со подготовките за новата сезона 2017/18  во Третата лига.

Според зборовите на тренерот Делиоски подготовките ќе се одвиваат на теренот во Волино, претпладне и попладне, а во подготвителниот период се очекува да се одиграат и неколку пријателски натпревари. Формата ќе се темпира за почетокот на првенството, кое е закажано за 27.08. 2017 година.

Во новата сезона стартуваме со поголеми амбиции, да се обезбеди место во горниот дел на табелата. Ростерот на играчи освен минатогодишните ќе биде засилен и со неколку нови играчи. Досега сигурно е доаѓањето на повратникот Шекуткоски, Затаракоски Борче, од Караорман и Крстаноски Антонио, од ФК Лабуништа. Во наредните денови очекуваме да го докомплетираме играчкиот погон.

Од управата ги потврдуваат амбициите Сатеска да биде стабилен третолигаш, но засега отворено останува прашањето за финансиски средства. Очекувањата се дека до почетокот на првенството и ова да се реши.

Извлекувањето за новата сезона е закажано за во четврток, 27.07., во седиштето на Третата лига, Битола.

Поврзани написи