Фото: Тупање пипер

February 15, 2017
Фото:  Тупање пипер

Црвениот пипер е еден од најупотребуваните зачини во националната кујна. Има благ вкус и загревачко дејство. Има својство да ги засилува аромите на другите зачини во јадењето. Тој додава  вкус и арома не само на јадења, туку и на различни видови предјадења. Индустриски произведен можете да го најдете во секоја продавница. Но, дали знаете дека нашите стари пиперот сами го произведувале и речиси никогаш не го купувале. Во оваа фотосторија Ве запознаваме со традиционалната техника на производство на пипер, во народот позната како тупање пипер. Од кога ќе се соберат црвените пиперки, се нижат на низалки и се ставаат ( “се бесат” ) за да се сушат. Исушените пиперки од низалките се ставаат во специјален сад од дрво, самоделски направен и познат под името букале” и потоа се тупаат со посебна алатка, најчесто со железна ќускија.
По потреба се додава малку масло. Производ на тоа тупање е црвен пипер, со прекрасен вкус и арома, со кој никако не може се спореди индустрискиот пипер. Ако не верувате, Ви препорачуваме да ја пробате  оваа стара, ама корисна техника.

Поврзани написи