фото: Забелеа Беличка планина

October 19, 2011
фото: Забелеа Беличка планина

Деновиве Република Македонија беше под влијание на студен воздушен бран, што предизвика доста студено време. Времето денес во Волино беше ведро и сончево. Утринската температура  се спушти околу нулата, а максималната дневна достигна 13 степени Целзиусови.  И како не би било студено, кога врвовите на Беличка планина ( со својот највисок врв од 1946 метри), која се наоѓа на запад од Волино забелеаа со првиот снег. Првиот снег на Беличка планина е показател дека доаѓаат студени денови. Всушност, кога после топлото лето ќе застуди и падне првиот снег на Беличка планина волинци знаат да кажат: застуди, на Беличка планина има снег.

И за утре се очекува ведро и сончево време, со максимална дневна температура до 15 степени, додека утрото ќе биде студено, со минимална температура до -2 степени.

Поврзани написи