ФОТО: Заврши 7-та Волинска Регата

July 10, 2016
ФОТО: Заврши 7-та Волинска Регата

Денес, точно на пладне, при идеални временски услови, по течението на реката и каналот на Сатеска се одржа традиционалната седма Волинска регата 2016.

За одбележување е дека оваа година регатата беше најмасовна до сега, со голем број на учесници, кои беа обезбедени со потребните пловни реквизити ( гуми, душеци и едно кану ) и се разбира со ладно пиво за освежување.

Стартот беше на вителот “кај Перовчета”, а финишот кај мостот на патот за Требеништа.

Манифестацијата започна да се организира по иницијатива на волинецот Саре Мочароски со медиумска подршка од Volino.mk и истата нема натпреварувачки карактер, туку забавно – рекреативен и претставува своевидна носталгија и потсетување на времето дамнешно кога сите волинци се капеа по витлите на Сатеска и пловеа по неа.

Тие што учествуваа навистина имаа прилика да се опуштат и релаксираат, а тие што не дојдоа ги покануваме догодина, а дотогаш уживајте со нашата фото сторија.

Поврзани написи