Фотосторија: Ѓомлезе на волински начин

June 5, 2014
Фотосторија: Ѓомлезе на волински начин

Ѓомлезето е најдобриот македонски традиционален специјалитет, каков што нема никаде во светов. Најмногу е застапен во Охрид и охридско. Може да се сретне под различни имиња ( ѓомлезец, ѓоа-мезе, тури-потпечи), но кај нас е познат како ѓомлезе. Се подготвува на следниов начин:  подготвуваш каша ( мешавина од брашно и вода), ја посолуваш, го палиш огнот, го ставаш сачот да се загрее, од подготвената каша ставаш еден слој во  тепсија, па се пече кратко под сачот, се трга сачот, се става масло, па друг слој, па пак под сач…..и се така во многу слоеви…и откако ќе се испече последниот слој се остава уште малку да се допече и се сече на парчиња по желба. Најчесто се јаде со јогурт, кисело млеко и сл.

Ептен гурманско јадење од македонската традиционална-селска кујна. Погледнете ја фотосторијата за ѓомлезето спремано од вредните раце на волинските домаќинки, следете го нашиот рецепт и подгответе го.

Добар апетит!

Поврзани написи

Коментарите се затворени.