Спомени

Сите Волинци го носат во својата душа своето село … селото во кое се родени … селото во кое го имаат поминато детството … селото кое им носи спомени од првите детски игри … селото во кое ги поминале првите школски денови … првите љубовни случувања … првото корзо … селото во кое живеат …селото во кое го изродија и пораснаа своето поколение …селото во кое се коските на нивните предци …Заради сево ова Волинци го сакаат своето Волино .

Сите имаме спомени од детството , школските почетоци, средношколски немири и романси, улични игри и искуства преку луѓето со кои сме си споделувале, со кои сме ги минувале моментите, со кои сме чувале тајни, сме засукувале ракави едни за други ,спомени од животот на нашето Волино .

Од тие причини Volino .mk на својот сајт отвора нова категорија која ја нарековме Волино во спомените .Всушност оваа категорија е продолжение на фејсбук страницата Волино во минатото.

Идејата ни е Волино во спомените како дел од Volino .org преку прикачените фотографии да сведочи за историјата и идентитетот на Волино .

Ставајќи стара фотографија, раскажувајќи случка или настан од минатото, поврзан со фотографијата станувате забележени во историјата на Волино.

Сите прикачени фотографии ќе бидат сместени во посебна галерија.

Ако сакате да додадете Ваша стара фотографија и да напишете за настанот или случката од фотографијата, а би сакале и другите да дознаат за тоа, праќајте ги своите фотографии на следнава email адреса:

zavolinoorg@gmial.com или пратете ни ги на нашата фејсбук страна

https://www.facebook.com/volino.mk

Бидете дел од спомените на Волино.


  • Kozeski1967

    vreminja li se vreminja ,covek moze da se potseti i da vozdivne  za vremeto minato